Перез: УЕФА не може да ги исфрли Челси, Реал и Сити од ЛШ, и играчите ќе играат за своите репрезентации, законот е на наша страна

Флорентино Перез уверува дека оваа сезона во Лигата на шампионите ќе се доигра, УЕФА нема право да ги исфрли Челси, Реал Мадрид и Манчестер Сити од натпреварувањето.

Почна војната меѓу УЕФА и Суперлигата, битката допрва ќе добива на интензитет. Од УЕФА најавија суспензи за тимовите кои може да стапат веднаш, но Перез уверува дека тоа нема да се случи.

„Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси како и другите клубови од Суперлигата, нема да бидат исфрлени од Лигата на шампионите или домашните натпреварувања. Сигурен сум во тоа. Невозможно е“, вели Перез.

„УЕФА е монопол. Ние сакаме да го спасиме фудбалот за наредните 20 години, тој е во голема опасност. Доколку освоите ЛШ добивате 120-130 милиони евра  од УЕФА, но со Суперлигата ќе се заработува многу повеќе“.

УЕФА се закани и дека фудбалерите кои ќе играат во Суперлигата нема да можат да играат за своите репрезентации.

„Не се секирајте, тоа нема да се случи. Нема да бидат суспендирани ако играат во Суперлигата“.

Клубовите кои прифатија да бидат дел од Суперлигата не можат да се откажат од учество во неа така едноставно, ќе треба да платат огромни суми како обесштетување.

„Договорот на учениците во Суперлигата е обврзувачки. Никој не може да си оди, ќе работиме сите заедно. Сите клубови потпишаа договори минатата сабота, нема да има таков проблем“, вели Флорентино Перез.


На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе