Разочаран е, но не се предава

Перез: Суперлигата не е мртва, ќе се вратиме

Претседателот на Суперлигата која издржа само 48 часа, Флорентино Перез верува дека проектот не е мртов, туку е само на пауза, клубовите имаат обврзувачки договори и ќе се бара решение за реализација на идејата. 

Суперлигата експресно згасна, но гордоста на Флорентино Перез се чини дека не му дозволува да го признае поразот па вели дека се уште ништо не е готово.
 
„Навистина сум тажен и разочаран. Можеби не го објаснивме правилно проектот за Суперлигата“, вели Флорентино Перез.
 
„Мислам дека еден од шестте Премиерлигашки клубови не беше уверен во проектот и тоа се пренесе и на останатите“.
 
„Ако овој проект не се случи, друг ќе се случи. Не заборавајте, 12 клубови имаат потпишано обврзувачки договори. Но можам да потврдам дека проектот за Суперлигата сега е стопиран, но не е мртов“.
 
„Јувентус и Милан не ја напуштија Суперлигата. Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан се уште се внатре и се разговара за решенија. Суперлигата не е мртва, прододлжуваме да работиме на овој проект, но во моментов е на пауза“.
 
„Фановите на Челси? Тие беа 40 луѓе пред Стемфорд Бриџ... и ако сакате ќе ви кажам и кој ги прати таму“.
 
„Тие што ги пратија фановите на Челси пред Стемфорд Бриџ се истите луѓе кои ги ставија тие анти-Суперлига маички на мечот со Кадиз“.
 
Но, се чини дека англиските клубови откако го почувствуваа револтот на фановите и јавноста во нивната земја, нема ни да помислат во наредните години да пристапат кон формирање на слична лига. А без нив не може да се реализира ваков проект.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе