Претседателот на „кралевите“ открил што се случувало ова лето

Перез на средба со партнерите и популарните „сосиос“ објаснил зошто Реал не ги купил Погба и Нејмар

„Кралевите" ова лето потрошија преку 300 милиони евра, но не беше донесена првата желба на Зинедин Зидан за засилувње на средниот ред, Пол Погба а не се реализираше ниту бомбата наречена Нејмар.

Реал Мадрид во недела ќе одржи Генерално собрание, па Флирентино Перез денеска имал средба со партнерите на клубот и популарните „сосиос“.

Имало неколку теми на разговор а неизбежни биле и прашањата за настапот на трансфер пазарот. „Кралевите“ поторошија преку 300 милиони евра на засилувања, но не пристигна последната желба на Зинедин Зидан, односно Пол Погба.

Флорентино Перез објаснил дека кога некој клуб одбива да продаде играч, малку може да се стори, и практично било невозможно да се натера гигант како Манчестер јунајтед да се раздели со својата ѕвезда.

Во последните денови од летниот преоден рок, кога Барселона влезе во ќор сокак во обидите да го врати Нејмар, се говореше дека Бразилецот би можел да заврши во лутиот ривал и да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но претседателот кажал дека тој никогаш немал права намера да го ангажира напаѓаччот.

„Ситуацијата на Нејмар ја следевме од дистанца“ – порачал првиот човек на Реал Мадрид.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе