Причините поради кои Зизу реши да се врати во Реал

Перез му ги исполнил сите барања на Зидан, стратегот добива три супер ѕвезди, целосна моќ и богат договор

Флорентино Перез морал да му исполни неколку барања на Зинедин Зидан за да добие ДА од Французинот за враќање во Мадрид, стратегот добива три супер ѕвезди, целосна моќ и богат договор.

284 дена по оставката која си ја даде, Зинедин Зидан синоќа се врати на Сантијаго Бернабеу. Тој на презентацијата веднаш беше запрашан што толку многу се променило изминативе 9 месеци за да се реши на ваков чекор, а популарниот Зизу само рече дека е тука бидејќи го сака Реал Мадрид и а бил замолен од Флорентино Перез.

Денешното издание на АС открива детали од преговорите и како Флорентино Перез успеал да го убеди Зинедин Зидан да се врати во Мадрид. Весникот вели дека Французнот секогаш бил прв избор на претседателот, но не било лесно да се добие ДА од стратегот.

Флорентино Перез морал да прифати неколку барања од кои две се прилично важни односно Зинедин Зидан да добие целосна моќ во спортскиот дел како и засилувања кои одново ќе го направат составот конкурентен на највиско ниво.

АС пишува дека првиот човек на Реал превземал обврска да ангажира три суперзѕвезди, како на времето кога во исто лето беа купени Кристијано Роналдо, Кака и Бензема, како и неколку засилувања од понизок профил за поширок состав.

Што се однесува до „целосна моќ“, Перез му ветил на Зидан дека тој ќе биде „шефот“ кога е во прашање спортскиот дел од клубот. Ниту една одлука поврзана со првиот тим нема да биде применета без одобрување од Французинот. Исто така, секоја мерка што Зизу ќе сака да ја примени, ќе добие поддршка од претседателот. Французинот исто така ќе биде главен за настапот на трансферот пазарот и ќе кажува кои играчи да пристигнат, овластување кое ниту еден тренер претходно го немал.

На овој начин Зинедин Зидан ќе се осигура дека нема да му се повторат епизодите од минатата сезона кога последен дозна дека Реал Мадрид е пред ангажман на Кепа од Атлетик Билбао (желба на Флорентино Перез), или пак кога побара да биде продаден Герет Бејл, но Перез му го одби ова барање, и наместо Велшанецот го продаде Кристијано Роналдо.

Секако, Зинедин Зидан за покажаната верност ќе биде и богато награден и ќе стане еден од најплатените тренери во светот, на ниво со Пеп Гвардиола и Диего Симеоне. Претходно, Зизу не беше ниту помеѓу 10-те најплатени тренери во Европа.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе