Реал Мадрид

Перез може да креира дрим-трим во Реал Мадрид по рецептот на ПСЖ

Не е тајна дека Флорентино Перез сака елитни фудбалери во својот тим, а следното лето му се отвора шанса да направи ѕвездена екипа.

ПСЖ имаше брилијантен преоден рок, успеа да ги ангажира Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, дури четворица од нив како слободни играчи.

Слична шанса му се отвора и на Флорентино Перез, три ѕвезди со кои Реал Мадрид се поврзува стануваат слободни идното лето. Тоа се Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо и Пол Погба.

Се верува дека Реал Мадрид уште ова лето ќе се обиде да донесе еден од овие фудбалери. Прв пик е Мбапе, но се ќе зависи од желбата на Ал Келаифи да го продаде Французинот.

Ако не успее во намерата да го купи Мбапе, Фабрицио Романо тврди дека Реал Мадрид ќе проба да го ангажира Роналдо. 

Без разлика дали ќе успее да донесе една од двете ѕвезди во овој преоден рок, следното лето му се отвора шанса на Перез да направи дрим-тим поради тоа што ќе може да ги ангажира тројцата играчи без обесштетување, само со добри договори.

Флорентино Перез е креатор на легендарниот галактикос тим на Реал Мадрид во кој играа Бекам, Роналдо, Фиго, Зидан, Роберто Карлос... па претседателот на кралскиот клуб сигурно помислува на нова таква авантура, особено откако ПСЖ го направи тоа ова лето и се стави во центарот на вниманието.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе