„Кралевите“ сакале мега трансфер во 2013 година

Перез имал амбициозен план со 250 милиони да го купи Меси: Не доаѓам во Реал, џабе си го трошите времето

Претседателот на Реал Мадрид, Флоренитно Перез во 2013 испратил емисари во Барселона да му презентираат понуда на Лео Меси, Аргентинецот не сакал да слушне за каков предлог станува збор и веднаш кажал НЕ.

Пред седум години, Флорентино Перез сакал да направи потрес во светот на фудбалот. Првиот човек на Реал Мадрид подготвил 250 милиони евра за да ја активира откупната клаузула на Лео Меси.

Новинарот Џанлука Ди Марцио во книгата „Гранд Хотел Калчомеркато“ пишува дека луѓе од доверба на Флорентино Перез заминале во Барселона да разговараат со Аргентинецот и да му ги презентираат финансиските детали.

Сепак, Лео Меси не сакал ниту да слушне за каква плата станува збор и порачал: „Нема шанси да дојдам во Реал, џаби си го трошите времето!“

Ди Марцио додава дека кратко време по одбиената понуда од Реал Мадрид, против Лео Меси била отворена истрага за затајување данок.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе