Србинот претставен како ново засилување на Реал Мадрид

Перез до Јовиќ: Имаше фантастична сезона, но нашите фанови ќе бараат уште повеќе од тебе

Лука Јовиќ денеска и официјално беше презентиран како ново засилување на Реал Мадрид, српскиот фудбалер стави потпис на договор до 30 јуни 2025 година.

Лука Јовиќ ќе биде новиот напаѓач на Реал Мадрид за следната сезона, тој денеска беше и официјално презентиран на Сантијаго Бернабеу.
 
„Ти имаше фантастична сезона со 27 голови со што беше еден од најдобрите стрелци во Европа, но нашите фанови ќе бараат многу повеќе бидејќи знаат што можеш да понудиш со својот огромен квалитет. Па ти си пред најголемиот предизвик во твојата кариера“, му се обрати Флорентино Перез на Јовиќ.
 
„Ние многу добро знаеме дека другите големи клубови сакаа да сметаат на твојот талент. Но ти сакаше да бидеш дел од овој мит каков што е Реал Мадрид и се бореше да влезеш во него. Пристигнувањето на Сантијаго Бернабеу беше еден од твоите соништа и ова е дресот за кој ни кажаа дека како мал си спиел со него. Ти благодариме што го одбра овој беџ и овој дрес во кој ќе продолжиш да се развиваш во еден од најдобрите напаѓачи во светот“.
 
Јовиќ вели дека е најсреќниот човек во светот во моментов.
 
„Сега сум најсреќниот човек во светот поради тоа што потпишав договор со најголемиот клуб. Одлуката беше тешка, но уверен сум дека го направив вистинскиот избор. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на Реал Мадрид да освои уште повеќе титули. Ви благодарам на сите“, изјави српскиот напаѓач.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе