Тој верува дека Суперлигата сепак ќе се случи

Перез: Ако нема Суперлига клубовите ќе банкротираат

Претседателот на Суперлигата, Флорентино Перез даде ново интервју, овој пат за „АС“ објаснува колку е значајно натпреварувањето за клубовите.

Суперлигата доживеа неславен крај, траеше само 48 часа, но Флорентино Перез нема намера да се откаже од намерата да се формрира исто или слично елитно натпреварување.

„Се појавија многу манипулации против Суперлигата. Тоа е проект кој на најдобар начин треба да му помогне на фудбалот да излезе од кризата. Фудбалот е серирозно повреден поради тонењето на економијата и ние мора да се адаптираме. Суперлигата не оди против домашните натпреварувања и нашата цел е да донесеме повеќе пари во фудбалот и сметаме дека новата реформа на УЕФА не го решава проблемот, а и не можеме да чекаме до 2024 година. Мора нешто да се направи, бидејќи младите меѓу 14 и 24 години го губат интересот за фудбалот бидејќи тој нема возбудливи мечеви колку што може да има. Има 4 милијарди фудбалски фанови иво светот и половина од нив се навивачи на клубови од Суперлигата. Фудбалот е единствениот глобален спорт“, вели Перез во интервју за „АС“.

„Реалноста е ако има повеќе интересни натпревари повеќе пари ќе одат во фудбалот. И ќе има за сите, не за неколку, бидејќи и домашните лиги ќе станат повредни. Исто така имаме значајни суми за солидарност што е еден од главните моменти на проектот“.

„Треба да стартуваме колку што е можно побрзо, но прво треба убаво да го објасниме проектот кој беше манипулиран од оние кои имаат привилегии од ваквата стуација Не можеме да чекаме четири години, треба да се почне пред да не лапне кризата, многу клубови ќе банкротираат ако не направиме ништо“.

Во едно од претходните интервјуа тој рече дека 12. клубови имаат потпишано обврзувачки договори, а тоа значи дека ќе треба да плаќаат пенали доколку си заминат.

„Нема да објаснувам што значат обврзувачките договори. Но, клубовите не можат да излезат. Некои од нив, под притисок беа приморани да кажат дека напуштаат. Но овој проект или некој сличен ќе се случи, се надевам наскоро“, вели Перез.


Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе