Никогаш нема да го заборави

Пепе за моментот кога на 18 години пристигнал во Португалија: Немав пари да си купам јадење...

Легендата на Порто и Реал Мадрид, Пепе раскажа како на 18 години пристигнал во Португалија со само 5 евра во џеб, немал пари за јадење но не останал гладен благодарејќи на добрината на еден човек.

Пепе во Порто се промовираше во еден од подобрите дефанзивци во Европа, направи богат трансфер во Реал Мадрид каде помина 10 години, но неговите почетоци не биле лесни.

Тој на 18 години го напушта родниот Бразил и се сели во Португалија за да потпише со Маритимо. Во Европа пристигнува со само 5 евра во џеб, па првиот ден немал пари за јадење. Сепак, тој не останал гладан благодарејќи на еден човек, гест кој никогаш нема да го заборави.

„Кога пристигнав, во џеб имав пари со вредност од 5 евра. Чекав документи за да можам да влезам во Португалија, од Мартимо требаше да испратат факс за да добијам дозвола. Требаше да одлучам што да правам со парите кои ги имав, дали да купам телефонска картичка и да и се јавам на мајка ми или да купам нешто за јадење. Си реков, „Mорам да се јавам дома за мајка ми да не се грижи““ – раскажува Пепе.

„Кога пристигнав беше 6 часот наутро, а мојот лет за Мадеира беше закажан во 11 часот навечер. Морав да јадам, па се упатив до ресторанот „Пенс & Компани“ (ланец ресторани за брза храна) на аеродромот и прашав еден од вработените, „Имате нешто за јадење?“ Тој ми одговори, „Да, имаме се“. Му реков, „Но јас немам пари“. Човекот ме погледна, излезе и ми даде сендвич. Од тој момент, секогаш се обидувам да им помогнам на други луѓе. Ова искуство навистина влијаеше врз мене. Гестот нема да го заборавам никогаш. Од тој ден, решив Португалија да биде мој прв избор“.

Пепе неколку години подоцна ќе добие португалски пасош и ќе ги брани боите на репрезентацијата на Португалија за која има одиграно преку 110 натпревари.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе