Куп на Италија

Роналдо од пенал во 90. минута го спаси Јувентус од пораз против Милан (ВИДЕО)

Првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија меѓу Милан и Јувентус заврши нерешено 1-1. 

Милан вечерва можеби беше подобар противник од Јувентус, но италијанскиот шампион на крајот се спаси од пораз.
 
Натпреварот беше возбудлив со важни случувања во текот на целиот меч. Двете екипи, особено Милан во првиот дел пропуштија шанси за водство.
 
Гол конечно падна во 61. минута, Анте Ребиќ го совлада Буфон и му донесе водство на Милан од 1-0.
 
Во 71. минута домаќините останаа со играч помалку откако Тео Хернандез заработи втор жолт картон.
 
Во 90. минута Кристијано Роналдо се обиде со ножички да даде гол, но го погоди Калабрија во рака. Судијата по консултација со ВАР покажа на белата точка. 
 
Роналдо го реализираше пеналот и го изедначи резултатот на 1-1, што беше и конечен исход од овој меч.
 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе