Шкупи беше многу подобар тим од Пелистер, но малку фалеше Битолчани да си заминат со бод од Чаир.
Особено во првото полувреме се редеа шанси пред голот на Пелистер, два пати пречката и еднаш стативата беа сојузник на Талески а и тој самиот имаше неколку одлични одбрани. Шкупи промаши и пенал, Исени не реализираше.
Во второто полувреме немаше шанси како во првиот дел, но тогаш беше решен натпреварот. Во 88. минута Дарбо Дембо постигна гол кој значеше победа од 1-0 за Шкупи. Ова е шестиот гол за Дембо во првите четири кола од новата сезона.
Утре се играат двата последни меча од колото, Шкендија го пречекува Борец, а Силекс игра против Ренова.
Вчера Работнички и Вардар одиграа 1-1, Македонија ЃП ја победи Беласица со 2-1, а Академија Пандев со 1-0 беше подобра од Струга Трим Лум.