ВИКЕНДОВ СЕ ИГРА ВЕЧНОТО ДЕРБИ МЕЃУ ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР

Пелистер ја пушта новата трибина, Вардар побара присуство на Комити во Битола

За саботниот меч меѓу Пелистер и Вардар, битолчани за првпат ги отвораат вратите на новата трибина на стадионот во Битола, Вардарци побараа присуство на своите навивачи. 

Општина Битола информираше дека во сабота за мечот со Вардар се отвора новата трибина на стадионот на Пелистер.
 
„Со „вечното македонско дерби“ помеѓу ривалите, фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, в сабота од 13.00 часот, општина Битола, ќе ја пушти во употреба реконструираната северна трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Откако деновиве беа изведени завршните градежни работи за поставување на столчињата, трибината со капацитет за 4800 гледачи е подготвена за прием на навивачката публика. 
Иницијативата која започна во 2014 по желба на битолчани, конечно станува реален проект, чии бенефити ќе може да ги користи Битола и нејзините вљубенци во спортот, а пред се фудбалските фанови.
Трибината се полни низ седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Oрганизирана е во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места. Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.
Општина Битола е единствената општина во државата, која реализира ваков капитален проект од сопствени средства, од кој активностите согласно склучените договори се целосно реализирани.
Во следниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции за доуредување на внатрешниот и околниот простор, како и внесување на комплетна функционалност на објектот, согласно меѓународните стандарди, но и во корелација со обврската за одржливост на објектот“, гласи соопштението на општина Битола.
 
Со отворањето на новата трибина се создаваат подобри услови за гостински навивачи, па Вардар веднаш побара присуство на Комити и побара дербито наместо во сабота да се игра во недела.
 
„Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група "Комити Запад". Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група "Чкембари Битола" на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје. 
Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се  одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби. 
Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект. 
Недела ден за фудбал - навивачите заслужуваат!“, стои во соопштението на Вардар.
 
 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе