ПМФЛ

Пелистер ја изненади Шкендија, Вардар сигурен против Беласица

Со големо изненадување заврши есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Пелистер со 1-0 ја победи Шкендија во Тетово, Вардар славеше со 3-0 кај Беласица во Струмица. 

Фото: ФК Шкендија
Шкендија во минатото коло ја завери есенската круна, но неочекувано киксна денеска откако на свој терен загуби од Пелистер кој се бори за опстанок.
 
Клучниот момент се случи пред самиот крај на мечот, Борче Маневски погоди во 90. минута за победа од 1-0 на Пелистер.
 
Вардар полусезоната ја заврши со убедлив триумф од 3-0 кај Беласица во Струмица. Црвено-црните поведоа уште во првата минута со гол на Мирчевски, во второто полувреме реализираа и Стојчевски и Цветановски.
 
Големо изненадување направи Академија Пандев која со 2-1 го победи Силекс во Кратово. Трпановски и Велиновски донесоа предност за струмичани од 2-0, фаворитот преку Ивановски успеа само да намали.
 
Струга ТЛ уште еднаш потврди дека е силен тим, овој пат го победи Шкупи во Скопје. Тимот предводен од тренерот Захаривски поведе во 55. минута со гол на Цаке, чаирчани изедначија со гол на Диак, но на осум минути до крајот Јахја ја врати предноста на стружани овој пат за победа од 2-1.
 
Интересен беше и мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Ренова на кој имаше пет гола, а гостите си заминаа со победа од 3-2.
 
Ренова беше подобар противник, поведе со гол на Сухељ во 40. минута, но на почетокот од вториот дел Македонија заигра како што треба и со погодоци на Адеми и Фернандињо направи комплетен пресврт. Следуваше нов пад на домаќините кој Ренова максимално го искористи и со погодоци на Селмани и Шефити дојде до триумф од 3-2.
 
Работнички беше единствениот тим кој ја искористи предноста на домашен терен, тие го совладаа Борец со 2-1. Лука Станковски постигна два гола за домаќините, Борец поведе со гол на Прелчец, но тоа беше се што направија.
 
Резултати по 18. коло:

Шкендија - Пелистер 0-1
Беласица - Вардар 0-3
Шкупи - Струга ТЛ 1-2
Силекс - Академија Пандев 1-2
Македонија ЃП - Ренова 2-3
Работнички - Борец 2-1
 
Табела

1. Шкендија 39
2. Шкупи 33
3. Македонија ЃП 33
4. Струга ТЛ 28
5. Вардар 25
6. Борец 25
7. Работнички 24
8. Силекс 22
9. Ренова 19
10. Пелистер 18
11. Академија Пандев 17
12. Беласица 9

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе