Што мислите вие?

Пеле: Не правете смешни споредби, јас и Марадона бевме многу подобри од Меси

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле смета дека Меси не е на негово ниво, и не треба воопшто да се споредува, според него тој не е ниту на ниво на Марадона.

Некои го сметаат Пеле за најдобар фудбалер на сите времиња, но многумина мислат дека Меси веќе треба да го добие таквиот статут. 
 
„Како можете да правите споредба меѓу некој кој игра одлично со глава, шутира со левата и десната нога и друг кој штира само со една нога, има само една вештина и не игра со глава?“, изјави Пеле.
 
„Како можете да споредувате? Да споредувате некој со Пеле треба тој да шутира со левата, десната нога и да дава голови со глава“.
 
Пеле смета дека и Марадона е многу подобар од Меси.
 
„Дали Марадона беше подобар од Меси? Да, многу подобар“.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе