Младата ѕвезда на Барселона бил на проба и во Реал Мадрид

Педри: Во Реал Мадрид ми рекоа дека не сум доволно добар за нив, им благодарам, сега сум во Барса

Младата ѕвезда на Барселона, Педри открива дека можел да биде и играч на Реал Мадрид, бил на проба таму, но од кралскиот клуб му рекле дека не е доволно добар за да остане со нив.

17-годишниот Педри е вистинско освежување во составот на Барселона оваа сезона, играчот има голем потенцијал и добива се поголема шанса од Роналд Куман, полека завзема место и во стартниот тим.

Педри открива дека како младинец бил на проба во Реал Мадрид, но таму го оцениле како неталентиран.

„Тренирав една недела со Реал Мадрид, но тие ми рекоа дека не сум на потребното ниво, ме однесоа во канцеларија и ми го ркоа тоа“, вели Педри за „Кадена Сер“.

„Тоа дополнително ме мотивираше. Што би им рекол на тие кои ме одбија? Би им се заблагодарил бидејќи сега сум во тимот кој отсекогаш сум го сакал“.

„Од мал секогаш сум навивал за Барселона. Ова е местото каде сакам да бидам“.

„Како и многу други деца и јас сум сонувал да играм со Меси“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе