Педри ја доби наградата на Тутоспорт за најдобар фудбалер под 21 година кој настапува во прва лига во Европа.
Младата ѕвезда на Берселона стигна до признанието „Златно момче“ пред Џад Белингал од Борусија Дортмунд и тоа со историска предност.
Од 40 новинари кои учествувале во гласањето, Педри бил прв избор на дури 24 новинари, бил втор избор кај 9 новинари и 3 избор кај тројца новинари. На крајот собрал 318 поени, дедека пак Џад Белингал собрал 119 поени. Разликата од 199 поени никогаш претходно не е видена во историјата на наградата „Златно момче“.