Лига Европа

Павков во последните моменти не дозволи пораз за Звезда против Милан, Динамо подобар од Краснодар (ВИДЕО)

Црвена звезда со гол на Павков во последните моменти од мечот дојде до реми од 2-2 против Милан и тоа го направи со играч помалку, Динамо Загреб со Ристовски и Адеми славеше гостинска победа од 3-2 кај Краснодар. 

Црвена звезда и покрај тоа што беше со играч помалку, дојде до реми против Милан и непоразена ќе патува во Италија.
 
Милан даде гол во 12. минута преку Тео Хернандез, но ВАР им го поништи поради играње со рака. Сепак на три минути до крајот росонерите поведоа со автогол на Панков.
 
По седум минути игра во второто полувреме Канга од пенал го израмни резултатот, но девет минути подоцна Тео Хернандез исто така од пенал го врати водството на Милан.
 
Во 77. минута Звезда остана со фудбалер помалку откако Родиќ заработи втор жолт картон, но и покрај тоа српскиот тим не се предаде.
 
Панков во 93. минута погоди со глава за конечни 2-2.
 
Аријан Адеми и Стефан Ристовски го одиграа целиот натпревар за Динамо Загреб кој со 3-2 победи на гостувањето кај Краснодар.
 
Динамо трипати поведуваше, Краснодар двапати израмнуваше. Петковиќ погоди за 1-0, но Берг изедначи на 1-1, во вториот дел Петковиќ го врати водството на хрватскиот тим, но Клаесон погоди за ново изедначување. 
 
Сепак во 75. минута нововлезениот Атимвен носи трето водство за Динамо Загреб кое остана и до крајот на мечот.
 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе