Трет случај во Јувентус

Пауло Дибала и неговата девојка имаат коронавирус

Пауло Дибала преку својот инстаграм профил потврди дека има коронавирус, со соопштение се јави и Јувентус. 

Во изминатиот период Дибала неколку пати беше мета на лажни вести кои велеа дека има коронавирус. Тој два пати ги демантираше, но овој пат навистина е позитивен на КОВИД-19.
 
„Здраво на сите, сакам само да ве информирам дека ги добивме резултатите за тест на КОВИД-19 и двајцата, јас и Ориана сме позитивни на тестот. За среќа сме во перфектна состојба. Ви благодарам за пораките“, напиша Дибала.
 
Тој е третиот фудбалер на Јувентус кој е позитивен на коронавирус, прв беше Даниеле Ругани, а потоа се зарази и Блас Матуиди.
 
„Пауло Дибала направи медицинските тестови кои покажаа дека е позитивен на коронавирусот КОВИД-19. Тој е во изолација од средата 11 март. Ќе продолжи да биде следен следејќи го вообичаениот режим. Тој е добар и нема симптоми“, се вели во соопштението на Јувентус.
 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе