Од Саудиска Арабија до Русија

Патувал 75 дена со велосипед, поминал 5145 километри за да стигне на Светското првенство

Фахд Ал Јахија од Саудиска Арабија направил голем подвиг поминувајќи 5145 километри со велосипед од Ријад до Москва за да ја гледа својата репрезентација на Светското првенство.

Светските првенства често носат и позитивни, луди приказни, такава е и онаа на Фахд Ал Јахија од Саудиска Арабија.

28-годишниот Ал Јахија за 75 дена поминал 5145 километри со велосипед од Саудиска Арабија до Русија.

„Принцот на Ријад регионот, Фајсал Бен Бандар Абдулазиз, ми го даде националното знаме, го носев по целиот пат и го донесов во амбасадата на Саудиска Арабија во Москва и му го дадов на амбасадорот Раед Кримли во вторникот“, вели велосипедистот.

Патувањето на Ал Јахија не поминало без последици, на патот до Русија имал инцидент со кампион во кој заработил мала поведа на главата и повреди на грбот, но тие не го спречиле за да ја оствари целта.

Херојот на Саудиска Арабија нема намера да се враќа со велосипед и повторно да ја минува истата дистанца: „Многу е далеку со велосипед, со авион ќе се вратам до Ријад“.

Денеска од 17 часот Саудиска Арабија игра против Русија во премиерниот меч на Светското првенство.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе