ШТО НАПРАВИ ТИ ДЕНЕС?

Патрис Евра делеше храна на бездомници во Марсеј (ВИДЕО)

Фудбалската ѕвезда на Франција, Патрис Евра ја покажа својата хумана страна откако денеска низ улиците на Марсеј им делеше храна на бездомни лица.

Фудбалерот на Марсеј е херојот на денот. Патрис Евра прошета низ улиците на градот и подели храна на бездомници.
 
Ваквите акции на славните личности треба да ја подигнат свеста на луѓето дека вишокот храна кој често им останува можат да го споделат со оние кои немаат и за момент да ги направат среќни.
 
„Уживам во мојот понеделник во Марсеј. Тажната страна на мојата прошетка е дека најдов повеќе од 12 бездомници за помалку од 30 минути. Што направи ти денес? Дали помогна некому? Или само се жалеше и обвинуваше некој друг? Се чувствувам благословено, благодарам Боже! Среќен понеделник“, напиша Евра на својот инстаграм профил.
 

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе