Манчестер јунајтед вчера се обидел да го купи Варан

Парите не биле проблем туку имињата кои ги побарал Жозе Мурињо

Медиумите од Англија пишуваат дека парите не се причина за лошиот настап на Манчестер јунајтед на трансфер пазарот, проблем биле имињата кои ги побарал Жозе Мурињо бидејќи „Ѓаволите" биле подготвени да платат и 100 милиони фунти.

Жозе Мурињо на турнеата во САД постојано „плачеше“ дека му се потребни нови имиња. Тој откри дека уште во мај ја составил листата со желби, бараше две засилувања, се надеваше на едно (нов дефанзивец) но на крајот остана со празни раце.

„Ѓаволите“ се поврзуваа со голем број на имиња, многумина веруваа дека нешто ќе се случи во последниот ден од преодниот рок, но Жозе Мурињо ќе мора да се снаоѓа со играчите кои веќе ги имаше на располагање.

Медиумите од „Островото“ сега откриваат нови детали од неуспехот на Манчестер јунајтед да ги донесе засилувањата кои ги побарал „Специјалниот“.

Лидерите на клубот не биле на иста бранова должина со „Специјалниот“ и му пренеле на Португалецот дека се подготвени да инвестираат само за дефанзивец од светска класа.

Се говори дека „Ѓаволите“ дури испратиле рекордна понуда од 100 милиони фунти за Рафаел Варан од Реал Мадрид, но „Кралевите“ не сакале да слушнат за продажба на Французинот и покрај неверојатната сума.

Ед Вудворд и останатите не биле импресионирани од имињата кои им ги побарал Жозе Мурињо и верувале дека Тоби Алдерверелд и Хари Мегвајер не вределе 75 милиони фунти, колку што бараа Тотенхем односно Лестер.

Тие исто така сметале дека поголемиот дел од имињата кои им ги доставил Жозе Мурињо се само решение на краток рок, и да се плати огромна сума на пари за нив не е во најдобар интерес на долг рок.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе