Со неговото име испишано на кирилица

Папата Франциско прв го доби новиот дрес на Македонија (ФОТО)

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски при денешниот престој во Рим и Ватикан, на папата Франциско му го подари најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. 

Претседателот Стево Пендаровски денеска е во Рим каде што им оддава почит на свети Кирил и Методиј. Тој го посети и папата Франциско, кому му го подари дресот со кој македонската репрезентација ќе игра на Европското првенство.
 
„Папата Франциско прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој нашите најдобри фудбалери ќе играат на ЕВРО 2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи!“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе