Започна третата генерација на Малдини во Милан

Паоло Малдини: Не очекував дека мојот син ќе дебитира, не требаше да биде ниту во составот

Легендарниот Паоло Малдини, не очекувал дека неговиот син Даниеле ќе дебитира во Серија А на мечот против Верона. 

Во судиското продолжение од мечот меѓу Милан и Верона, во игра влезе Даниеле Малдини и испиша историја. Тој е третата генерација Малдини кој го носи дресот на росонерите по неговиот татко Паоло и дедото Чезаре.
 
Паоло Малдини сега е директор во Милан, беше на трибините кога неговиот син влезе во игра. Тој не очекувал Даниеле да биде во составот поради повредата која ја имал во изминатиот период.
 
„Не беше планирано, тој не требаше да биде ниту во составот, не тренираше неколку денови поради повреда, но во последен момент беше додаден во тимот“, вели Паоло Малдини.
 
„Немав шанса да почувствувам преголеми емоции, бидејќи бев многу влезен во случувањата на натпреварот. Гледајќи сега, сфаќам дека ова е прекрасен момент за мојата фамилија и фановите кои го пречекаа со овации“.
 
17-годишниот Даниле Малдини вели дека дебито за Милан е остварување на неговиот сон.
 
„Ова беше остварување на мојот сон, само штета за резултатот“, вели најмалиот Малдини.
 
„Дебито беше моја цел, сега се надевам дека ќе продолжам да напредувам. Ова беше емоционален момент“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе