Милан

Паоло Малдини ја доби битката со коронавирусот и се враќа на работа во Милан

Паоло Малдини нема веќе симптоми на коронавирус, тој и неговиот син Даниел ја пребродија болеста. 

Минатиот месец легендата на Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниел кој игра за росонерите беа позитивни на Ковид-19.
 
Минатата недела Даниел потврди дека е излекуван, а сега доаѓа информација дека коронавирусот е минато и за Паоло Малдини.
 
„Газета дело Спорт“ и „Калчомеркато“ пишуваат дека Паоло Малдини комплетно се опоравил и се враќа на директорските обврски во Милан.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе