Премиерлига

„Паненката“ на Агуеро му се удри од глава на Сити, Алонсо во 92. минута донесе победа за Челси (ВИДЕО)

Манчестер Сити ќе почека со шампионското славје, „граѓаните" вечерва загубија дома со 1-2 во пресметката со Челси, Маркос Алонсо во 92. минута донесе триумф за „сините" од Лондон.

Во дуел на двата финалисти во Лигата на шампиони, Челси славеше со 1-2 на Етихад против Манчестер Сити.

„Паненката“ на Кун Агуеро им се удри од глава на „граѓаните“. Аргентинецот сакаше со мајсторија од пенал да донесе водство од 2-0, но се избрука за сите пари па на пауза се замина со 1-0.

Во продолжението од мечот, Зијеш од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно по земја за 1-1 во 61. минута, за Алонсо во судиското надополнување да го совлада Едерсон за 1-2.

Па Манчестер Сити сега ќе почека за шампионското славје а Челси освои три големи бода во трката за топ четири пласман.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе