ПМФЛ

Пандевци ја победија Шкендија и се качија на второто место, Работнички го завери опстанокот

Во одличен меч со шест погодоци Академија Пандев ја победи Шкендија со 4-2 и се качи на второто место на табелата, Македонија Ѓорче Петов во 98. минута се спаси од пораз на гостувањето кај Шкупи и остана во игра за Европа.

Фото: ФК Шкендија
Академија Пндев направи голем чекор кон заверка на место во Европа откако на убедлив начин го доби директниот дуел со Шкендија.
 
Домаќините поведоа уште на самиот старт на мечот со гол на Бихорац, а Томислав Илиев во 23. минута веќе зголеми на 2-0. Пред самиот крај на првиот дел Јан Кривак даде гол за Шкендија и намали на 2-1, тоа беше резултатот од првото полувреме.
 
Илиев од пенал во 63. минута зголеми на 3-1, а Пепи Ѓоргиев постигна гол за највисоки 4-1. До крајот на мечот шкендија преку Гури успеа само да го ублажи поразот на 4-2.
 
Академија Пандев со победа во следното коло над Работнички ќе го завери местото во Европа, тоа може да се случи и без победа, но тогаш треба Македонија Ѓорче Петров да не слави во пресметката со Струга Трим Лум. 
 
А Македонија Ѓорче Петров денеска не загуби на гостувањето кај шампионот Шкупи. Мечот заврши 1-1, па тие се уште имаат шанси за местата кои водат во Европа преку лигата, иако пореално им е со триумф во Купот на Македонија.
 
Кевин да Силва во 58. минута донесе водство за Шкупи од 1-0, а Македонија Ѓорче Петров преку Адем од пенал длабоко во судиското продолжение израмни на 1-1.
 
Работнички со гол на Ристовски во 96. минута го победи Борец со 2-1 и ги реши сите дилеми околу долниот дел од табелата. Тие опстануваат во лигата, Скопје и Тиквеш ќе играат во баражот, а Борец и Пелистер испаѓаат.
 
Во останатите натпревари Струга со 1-0 беше подобра од Брегалница, со истиот резултат Ренова славеше кај Тиквеш, Скопје со 4-2 го совлада Пелистер.
 
Резултати:
 
Академија Пандев - Шкендија 4:2
Скопје - Пелистер 4:2
Работнички - Борец 2:1
Шкупи - Македонија ЃП 1:1
Струга ТЛ - Брегалница 1:0
Тиквеш - Ренова 0:1
 
Табела 31 коло:
 
1. Шкупи 72
2. Академија Пандев 61
3. Шкендија 59
4. Македонија ЃП 57
5. Струга 43
6. Ренова 42
7. Брегалница 42
8. Работнички 40
9. Скопје 32
10. Тиквеш 31
11. Борец 21
12. Пелистер 11

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе