Илија Несторовски главната промоција на фудбалската сцена ја имаше во Палермо, тој сакаше да биде дел од овој меч, но селекторот Благоја Милевски не го повика затоа што во Удинезе е на клупата за резервни и нема минути.
Пандев смета дека и покрај таквата ситуација на Несторовски, тој би бил од помош за овој натпревар бидејќи добро ги познава италијанските дефанзивци.
„Жал ми е за него, знам колку многу сакаше да биде тука, во Палермо. Илија има дадено многу за Македонија, сакаше барем да биде дел од групата. Со неговото искуство и знаење за италијанските дефанзвици, требаше да биде барем во составот“, вели Пандев за „Газета дело Спорт“.