ЕВРО 2020

Пандев за малку ќе ги кренеше акциите на Струмка (ВИДЕО)

Роналдо направи Кока-кола да биде хит на Европското првенство, а и Горан Пандев пред синоќешната прес-конференција имаше момент со пијалокот кој е спонзор на првенството. 

Роналдо ги тргна шишињата со Кока-кола и им порача на луѓето да пијат вода. Португалецот со тој потег ги турна акциите за 4 милијарди долари.
 
Потоа некои други играчи го следаа неговиот пример, хит беше и рускиот селектор кој пак си отвори Кока-кола и се напи. 
 
По потегот на Роналдо, кај нас на социјалните мрежи се појавија монтажи како Горан Пандев ги трга Кока-колите и става Струмка. Капитенот на нашата репрезентација, пред синоќешниот прес го кажа токму тоа. Веројатно не очекуваше дека ќе исочи видео затоа што прес-конференцијата не беше започната, но се појави снимка која станува хит.
 
Пандев рече: „Да ги тргнеме Кока-колите и да ставиме Струмка“.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе