ЕВРО 2020

Пандев во друштво на Роналдо, Модриќ, Нојер...

Македонскиот капитен, Горан Пандев се најде листа на топ 5 фудбалери кои веројатно за последен пат играат на Европско првенство. 

Иако има и другите возрасни фудбалери кои можеби го одиграа последното Европско првенство, за многу светски медиуми Горан Пандев е ѕвезда рамо до рамо со најголемите.
 
За Пандев ова и дефинитивно беше последно Европско првенство, но за некои од останатите посочени ветерани, можеби и не.
 
Покрај Пандев на листата се најдоа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Мануел Нојер и Џорџо Кјелини.
 
Поради пандемијата на ковид-19, ова првенство се игра со една година задоцнување, а тоа значи дека следното наместо за четири ќе ни дојде за три години.
 
Кристијано Роналдо тогаш ќе има 39 години. Португалецот беспрекорно работи на своето тело, знае како да го менаџира својот фитнес на оваа возраст, а желбата за освојување и поставување на недостижни рекорди може да трае уште неколку години, па нема да биде чудно ако тој настапи за Португалија и на следното Европско првенство.
 
Лука Модриќ во септември ќе наполни 36 години, на ова првенство тој стана најстариот хрватски фудбалер кој постигнал гол на ЕП, а го држи рекордот и за најмлад Хрват кој тоа го направил. Се очекува ова да е последното континентално првенство за него. Прогнозите се дека би настапил и на СП во Катар ако се пласира Хрватска, а потоа би ставил крај на репрезентативната кариера.
 
Големи се шансите Мануел Нојер да настапи на следното првенство. Тој има 35 години, тогаш би имал 38, а голманите за разлика од играчите на другите позиции имаат подолг век на траење.
 
Џорџо Кјелини во август ќе наполни 37 години, за него ова сигурно се последните натпревари на Европските првенства. 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе