Откако доби италијанско државјанство

Пандев: Веќе долго време се чувстував Италијанец

Горан Пандев денеска доби италијанско државјанство, македонскиот фудбалер вели дека одамна се чувствувал како да е жител на Италија.

Горан Пандев од денеска има и италијанско државјанство, тој 17 години е во Италија и вели дека долг период се чувствува како Италијанец.
 
„Многу сум среќен, во Италија сум речиси 18 години и веќе долго време се чувствувам ако Италијанец. Им благодарам на сите, ова е прекрасен момент за мене“, изјави Пандев.
 
Пандев во Италија замина во 2001 година кога од Беласица потпиша за Интер каде беше во младинскиот тим. Потоа играше за Специја, Анкона, Лацио, па се врати во Интер со кој ја освои и Лигата на шампионите, потоа го носеше дресот на Наполи и сега е во Џенова. Од 2001 година до денес само една сезона помина надвор од Италија кога беше член на Галатасарај.
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе