Напаѓачот продолжува во Серија А

Пандев уште една сезона во Џенова, Македонецот го обновил договорот

Горан Пандев и следната сезона ќе го носи дресот на Џенова, ова вечерва беше пренесено од добро упатениот новинар Џанлука Ди Марцио.

Горан Пандев продолжува во Серија А и Џенова. Како што пренесува Ди Марцио, Македонецот го обновил договорот и ќе остане на „Луиџи Ферарис“ уште 12 месеци.

Новинарот кој е прилично упатен во случувањата во Калчото вели дека Горан Пандев се чувствува добро и сака да продолжи да игра, а Џенова верува дека напаѓачот се уште може да им биде од голема корист, особено како пример за другите во соблекувалната, па двете страни пронашле заеднички јазик за продолжување на соработката.

Во следните денови Горан Пандев треба да стави потпис на документите и брзо потоа да пристигне официјална потврда за неговата петта сезона во Џенова.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе