Македонецот го одигра 400. меч во Серија А

Пандев: Среќен сум што овој јубилеј се случи во најстариот клуб во Италија

Горан Пандев денеска прослави голем јубилеј, го одигра 400. натпревар во Серија А, нешто со кое не можат да се пофалат многумина фудбалери.

Пандев го одигра второто полувреме од натпреварот против Џенова, тоа беше негов 400 меч во Серија А.
 
Македонецот е само вториот активен странец со 400 меча во Серија А, вкупно шести кој стигнал до оваа бројка. На вечната листа со најмногу настапи во Серија А вклучувајќи ги и Италијанците, тој е на 66. место. А до крајот на сезоната може да влезе во топ 50.
 
Пандев вели дека негов најубав спомен во Серија А е освојувањето на Скудетото со Интер.
 
„Од моја гледна точка среќен сум. Убаво е што ова ми се случи во Џенова, најстариот клуб во Италија. Детски сон ми беше да стигнам на ова ниво. Играм многу години и паријата за спортот кој ми даде се никако да исчезне. Најубавиот спомен? Скудетото со Интер“, вели Пандев.
 
„Што се однеува до денешниот натпревар, сакавме да победиме по секоја цена. Но Фросиноне добро ги затвори сите приоди кон нивниот гол. За жал некои работи не одеа во наша полза“.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе