Македонецот херој на Џенова во голема победа

Пандев со гол и асистенција го тресна Јувентус! (ВИДЕО)

Пандев уште еднаш потврди дека Јувентус му е стар пациент, Македонецот ја имаше главната улога во победата на Џенова од 2-0, ова беше првиот пораз на шампионот оваа сезона.

Џенова слави голема победа против Јувентус, а херој е македонскиот капитен Горан Пандев.
 
Пандев во игра влезе во 60. минута и веднаш ја живна играта на Џенова, влегуваше лесно во шанси и ги разигруваше своите соиграчи.
 
Во 72. минута му асистираше на Стураро кој со шут од далечина го совлада Перин за водство на Џенова од 1-0.
 
Десет минути подоцна убав гол на Пандев со кој ги реши сите дилеми околу победникот, Македонецот ги постави конечните 2-0.
 
Ова беше првиот пораз на Јувентус во Серија А оваа сезона, треба да се напомене дека шампионот на овој меч беше без Кристијано Роналдо.
 

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе