Капитенот му се заблагодари на селекторот

Пандев со емотивна порака до Ангеловски: Првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност...

Горан Пандев преку социјалните мрежи со емотивна порака му се обрати на селекторот Игор Ангеловски и му се заблагодари за сè што направи за македонската репрезентација и македонскот народ. 

Првиот потег на Игор Ангеловски откако беше назначен за селектор беше да отиде до Џенова и да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. Мисијата му успеа, а сетоа што што се случуваше подоцна е една убава историја за македонскиот фудбал.
 
„20.10.2015 првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот... ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Макаедонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе благодарам е малку да ти кажам, ви го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Горан Пандев.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе