Серија А

Пандев со два гола го урна Наполи, Македонецот е херојот на Џенова (ВИДЕО)

Македонскиот капитен, Горан Пандев одигра фантастичен меч, постигна два гола и донесе победа на Џенова од 2-1 над Наполи, Елмас во самиот финиш пропушти голема шанса за израмнување. 

Џенова го победи Наполи со 2-1 благодарение на два погодоци на Горан Пандев. Капитенот беше подобар од Елмас во македонското дерби од Серија А.
 
Пандев го отвори мечот уште во 11. минута, кога по една грешка на Наполи во средината на теренот, Бадељ асистираше до Македонецот кој реализираше за водство од 1-0. 
 
 
15. минути подоцна нов гол на Пандев, овој пат Зајц асистираше, а нашиот фудбалер паметно ја смести топката во мрежата на Наполи за водство на Џенова од 2-0.
 
 
Пандев од игра беше изваден во 67. минута, штета што стадионот беше празен, во спротивно Македонецот ќе добиеше големи овации за овој настап.
 
Наполи се врати во игра во 79. минута со гол на Политано.
 
 
Тимот на Гатузо со сите сили се обидуваше да избегне пораз, а Елмас имаше фантастична шанса во 92. минута, но шутираше високо над голот на Перин.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе