Лига на нации

Пандев: Се надевам дека сонот ќе стане јаве и ќе играме на Европско првенство

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев се надева на сигурна победа против Лихтенштајн која ќе не однесе чекор поблиску до првото место во групата од Лигата на нациите.

Македонија утре го продолжува настапот во Лигата на нации, го пречекуваме Лихтенштајн на домашен терен, а три дена подоцна гостуваме кај Ерменија. 
 
Пред утрешниот меч ќе биде одбележан и еден голем јубилеј, 25 години од првиот официјален натпревар на македонската фудбалска репрезентација.
 
„25 години е голем јубилеј се надеваме дека со победа ќе го прославиме. Со нетрпение го очекуваме мечот со Лихтенштајн. Овие два натпревари се одлучувачки за нас, се надеваме дека ќе победиме утре и во мирна атмосфера ќе се подготвиме за дуелот со Ерменија“, вели Горан Пандев.
 
„Атмосферата во репрезентацијата никогаш не била подобра, владее големо другарство во тимот. Се надеваме дека и публиката ќе дојде во поголем број отколку на претходниот меч и ќе се создаде добар амбиент кој ќе не понесе кон нова победа“.
 
Горан Пандев ја освои најголемата клупска титула, Лигата на шампионите, но негов неостварен сон останува пласман на големо натпреварување со Македонија, сега има идеална шанса за тоа.
 
„Се надевам дека низ оваа Лига на нации ќе се пласираме на Европско првенство и ќе ми се оствари тој сон, не само на мене туку и на сите во оваа земја. Остварив многу клупски успеси, но друго е кога се игра за репрезентацијата“.
 
Селекторот Игор Ангеловски потврди дека неколку фудбалери се жалат на стомачен вирус и се надева дека повеќето од нив ќе бидат подготвени за мечот.
 
„Точно е дека неколку фудбалери се жалат на стомачен вирус, со повраќање. Нивната ситуација се подобрува и се надевам дека дел од нив ќе можат да настапат утре“, вели Игор Ангеловски.
 
„Лихтенштајн има поразличен тим отколку во квалификациите, одиграа добро на првите два меча, но играат колку што ќе им дозволи противникот. Се надевам дека моите момци нема да им дозволат да играат. Ќе го дадеме максимумот и ќе победиме“.
 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе