Македонија денеска ги дозна противниците за квалификациите за Светското првенство, ќе играме против Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
Квалификациите почнуваат од март, а завршуваат во ноември, тоа значи дека дел од мечевите ќе се играат пред почетокот на Европското првенство и ќе послужат и како некој вид на подготовка.
Горан Пандев можеби ќе се пензионира по крајот на оваа сезона, но сигурно ќе одигра дел од квалификациските мечеви.
„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерациија пред себе има Европско првенство, но и шанса за добри квалификации и напад на второто место во оваа група“, изјави Пандев за ФФМ.