Капитенот ја завршува репрезентативната кариера

Пандев потврди: Утре го играм последниот натпревар за Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев потврди дека утрешниот натпревар против селекцијата на Холандија ќе бииде негов последен за Македонија. 

Пандев не кажа дека става крај на кариерата, можно е и да одигра уште една клупска сезона, но утрешниот меч за Холандија ќе биде негов последен за репрезентацијата.
 
„Утрешниот натпревар е мој последен во дресот на Македонија, тоа е крајот на мојата репрезентативна кариера. Не знам како ќе биде во Италија, но играњето на два фронта, за клуб и во репрезентацијата е голем товар за фудбалер на моја возраст, затоа дуелот со Холандија е последен мој во репрезентацијата“, вели Горан Пандев.
 
„Јас и моите колеги на чело со Ангеловски направивме нешто најголемо досега што не знам дал некој ќе го направи, и мислам дека сега после Европското првенство е вистински момент да се повлечам. Сакам да им посакам на моите соиграчи пласман на Светското првенство. Тие може да ни донесат големи радости во иднина, на цела Македонија бидејќи знам за колку квалитетни играчи се работи, играат во големи тимови и заслужуваат да играат на еден Мундијал“.
 
„Среќен сум што се збогувам со репрезентацијата на едно големо натпреварување, не ни можев да посакам подобар начин од тоа, настап на Европско првенство. Емоциите се големо, но знам како да се носам со нив. Дај Боже утре сето тоа да се зокружи со добар резултат“.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе