Легендарниот фудбалер им се обрати на фановите

Пандев: Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално (ВИДЕО)

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев со посебен пост на социјалните мрежи се збогува со фудбалот. 

Пандев објави компилација на дел од неговите погодоци во кариерата и со емотивен текст објави крај на кариерата.
 
„Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа во ова патување... Им благодарам на моето семејство, сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софија кои беа најголемата поддршка. Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозможија да го остварам мојот сон. Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас не ќе можев да го направам сето ова. Им благодарам на сите тренери, претседатели, директори за нивната доверба и за се што научив од нив. Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен, сакам сите да ве гушнам. Завршува едно прекрасно поглавје. Во мене носам едно големо богатство на емоции и среќен сум што го споделив со вас. Со цело мое срце“, напиша Горан Пандев.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе