Серија А

Пандев одигра цел меч, Интер беше пресилен за Џенова, деби голови за Чалханоглу и Џеко (ВИДЕО)

Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Џенова на гостувањето кај Интер кој победи со убедливи 4-0, Хакан Чалханоглу и Един Џеко дебитираа со голови во дресот на нероазурите. 

Шампионот Интер одигра одличен меч, доминраше против Џенова и заслужено дојде до убедлива победа.
 
Горан Пандев иако подоцна ги почна подготовките, го одигра целиот натпревар против Интер, немаше шанса за гол, но создаде неколку можности за своите соиграчи кои не реализираа.
 
Воведниот дел од мечот беше во знакот на Чалханоглу. Турчинот во шестата минута асистираше за гол на Шкрињар, а во 14. минута и самиот погоди за водство на Интер од 2-0.
 
Во 74. Артуро Видал зголеми на 3-0, а во 88. минута Џеко со глава реализираше за конечни 4-0. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе