Серија А

Пандев одигра 90 минути, Интер не прикажа многу но стигна до трите бода (ВИДЕО)

Интер триумфираше со 0-2 на гостувањето кај Џенова, „нероаѕурите" не прикажаа многу но стигнаа до трите бода.

Интер со цел плен си замина од „Ферарис“, со два гола во второто полувреме, избраниците на Антонио Конте стигнаа до победа и покрај тоа што не прикажаа многу.

Резултатот беше отворен во 64. минута, една добра акција на Берала и Лукаку донесе 100% шанса а напаѓачот прецизно биеше за 0-1.

Петнаесет минути подоцна, по еден корнер, Ранокија го промени правецот на топката а Д’Амброзио со глава ја затресе мрежата на Џенова за 0-2.

Горан Пандев одигра цел натпревар за домаќините, Македонецот доби неколку дуели со противничките дефанзивци, испрати и една одлична топка во фор и отвори шанса за неговиот тим, но Џенова малку беше заинтересирана за напад денеска.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе