Пандев: Неискуството на селекторот си го направи своето, моравме да освоиме повеќе бодови

Поранешниот капитен и легенда на македонската репрезентација верува дека Македонија уште има шанси да се пласира на Светско првенство, но ќе мора да помине потежок пат.

По заминувањето на Горан Пандев во репрезентативна пензија, Македонија на првите три натпревари одигра три нерешени средби. Не изгубивме ама ниту победивме некој од ривалите во група иако на сите три меча (Ерменија, Исланд, Романија) имавме шанси за најмалку 7 бода.

Математички Македонија и натаму е во игра за пласман на големото Светско првенство 2022 во Катар. Затоа вечерва во Вадуз немаме право на кикс.

„Сигурно е дека постојат уште шанси за второ место и за бараж за Светско првенство. Секако дека последните резултати беа разочарувачки и шансите доста ни се намалија, веројатно и неискуството на селекторот си го направи своето и од можните девет бода, кои беа реални да ги освоиме со овој тим што го имаме, ние одигравме само три нерешени и освоивме три бода. Меѓутоа мислам дека сè уште работите зависат од нас и со четири бода од овие два меча ќе имаме големи шанси за второто место“, изјави Пандев, новото заштитно лице на Видеолотарија Касинос Австрија.

Гоче беше дел од сензационалниот триумф на Македонија против Германија среде Дуизбург. Тогаш го отвори резултатот со убав гол.

„Сигурно дека имаме сили да направиме уште еден голем резултат против Германија. Треба само да одиграме тактички многу мудро, како на првиот натпревар, во Дуисбург, да изгинат сите на терен до последниот атом и кога ќе ни се пружи и најмала шанса треба да ја искористиме. Само така можеме до позитивен резултат“, додава Пандев.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе