Капитенот не сака негативна публика

Пандев: Не сакаме полн стадион, сакаме да дојдат само тие кои ја сакаат Македонија

Горан Пандев вели дека атмосферата во репрезентацијата е на највисоко ниво и ветува дека тој и соиграчите ќе го дадат максиумот за да дојдат до победа против Словенија.

Македонија утре со почеток од 20:45 часот ја пречекува Словенија во меч од квалификациите за ЕП 2020. Горан Пандев ветува пожртвувана игра во текот на целиот меч.
 
„Расположението е на највисоко ниво, со нетрпение го чекаме овој натпревар и сите сме желни да го дадеме максимумот и да покажеме дека оваа селекција заслужува да игра на едно големо натпреварување. Ако Словенците атакуваат на највисок пласман, заошто и ние да не се надеваме, не гледам тие на кое место се подобри од нас. Имаме отсуства, но без секој се може, ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме победата“, вели Горан Пандев.
 
„Се надевам дека ќе дојдат луѓето што ја сакаат репрезентацијата и ќе не бодрат, не ни требаат негативни луѓе. Не сакаме ни 30.000, ни 15.000, сакаме да дојдат тие што ја сакаат оваа Македонија“.
 
„На првиот меч заслуживме да ги победиме, но ако не ги искористиш шансите, противникот ќе ве казни, одигравме добар натпревар во Словенија и ако одиграме исто и утре мислам дека ќе немаме проблеми. Убеден сум дека утре сите ќе го покажат својот квалитет и ќе дојдеме до резултатот кој го посакуваме“.
 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе