Серија А

Пандев не може секогаш да ја спасува Џенова, ВАР му поништи гол на Елмас (ВИДЕО)

Наполи со 2-1 победи на гостувањето кај Џенова, Елиф Елмас ја доби пресметката со Горан Пандев. 

Елиф Елмас беше стартер на мечот, на теренот се задржа до 82. минута, Горан Пандев во игра влезе во 71. минута и за разлика од мечот со Удинезе овој пат не успеа да ја спаси Џенова.
 
Мечот почна со гол на Елмас, нашиот репрезентативец во седмата минута погоди, но ВАР му го поништи голот поради игра со рака на Манолас.
 
 
Брзо потоа Елмас повторно се најде во голема шанса, биеше атрактивно со ножички, но Перин со одлична интервенција го одбрани неговиот удар.
 
 
Во судиското продолжение од првиот дел Мертенс погоди за водство на Наполи од 1-0.
 
По четири минути игра во вториот дел Голданига го изедначи резултатот, но Лозано во 66. минута донесе нов водство за Наполи кое значеше и победа од 2-1.
 
По овој пораз Џенова влезе во зоната за испаѓање на седум кола до крајот и ќе води грчевита борба за опстанок. Наполи се искачи на петтата позиција на табелата.
 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе