По големото изненадување во Палермо и победата над Италија, Александар Трајковски, Енис Барди и Благоја Милевски добија дипломатски пасоши, а министерот за надворешни работи Бујар Османи вети дека сите фудбалери ќе добијат ваков пасош доколку „црвено-жолтите“ приредат нов шок и слават во пресметката со Кристијано Роналдо и Португалија.
Поранешниот репрезентативец и капитен на Македонија, Горан Пандев реши да испрати порака, вели дека наместо пасоши, на фудбалерите треба да им се изградат споменици.
„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“ - гласеше пораката на Горан Пандев, кој со гол во Тбилиси ја однесе Македонија на прво учество на Европско првенство, а потоа го даде и првиот гол за Македонија на континенталните собири.