Македонија на Европско првенство

Пандев: На ЕП нема што да загубиме, а тоа ни ги зголемува шансите да направиме нешто

Во интервју за „Ал Џезира Балканс“, капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев раскажува за пласманот на Македонија на Европското првенство, како го остваривме големиот успех. 

Горан Пандев кариерата ќе ја заврши како што сонувал, со настап на Македонија на Европско првенство.
 
Тој има постигнато голови против многу големи екипи, но најдраг во кариерата му е оној против Грузија кој ја однесе Македонија на Европското првенство.
 
„Тоа ми е најдрагиот гол, поради тоа што конечно се пласиравме на едно големо натпреварување. За 20 години во репрезентацијата се случуваа лоши моменти и проблеми. Во еден момент и престанав да играм за Македонија. Кога Ангеловски стана селектор, дојде кај мене во Џенова. Зборувавме и ми го кажа негото мислење за репрезентацијата по што се вратив“, вели Пандев во интервјуто за Ал Џезира.
 
Пандев се надева дека и на Европското првенство ќе се претставиме во добро издание.
 
„Во нашата група се Холандија, Украина и Австрија. Тие се посилни, но кога играш растеретено и немаш што да изгубиш, можен да направиш многу повеќе. Се надеваме дека ќе земеме некој бод и ќе бидеме во што е можно подобра позиција во групата“.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе