Нашиот капитен има големи импресии од португалскиот стратег

Пандев: Мурињо ми беше како татко во Интер

Горан Пандев вели дека многу научил од Жозе Мурињо додека бил во Интер, не само за фудбалот, туку и општо за животот. 

За грчката „Газета“, Горан Пандев отрива дека двапати бил блиску до трансфер во оваа земија. Првиот пат можел да потпише со Олимпијакос додека уште бил во Беласица, а подоцна голем интерес имало од ПАОК.
 
„Кога бев многу млад, пред да заминам во Италија и да преминам во Интер, бев многу блиску до Олимпијакос, но претседателот на мојот тим (Беласица, Ванчо Таковски“ во тоа време го откажа трансферот, пред неколку годин имав преговори и со ПАОК, ме посакуваа, но веќе долго бев во Италија, моето семејство се чувствува многу убаво тука и решив да останам“, вели Пандев.
 
За Горан Пандев, Жозе Мурињо е најдобриот тренер во светот.
 
„Сезоната со триплета во Интер беше импресивна, најдобриот тренер во светот, Муризо, за мене беше како татко, од него научив многу работи, не само за фудбалот тукку и општо за животот, а Камбијасо беше тренерот, тој беше тренер на теренот, постојано даваше инструкции, сигурен сум дека ќе стане и добар тренер, тој е прекрасна личност“.
 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе