Според „Газета дело Спорт“

Пандев ќе продолжи да игра, потпишува нов договор со Џенова

„Газета дело Спорт“ тврди дека Горан Пандев ќе прифати нов едногодишен договор со Џенова и во новата сезона ќе продолжи да игра за италијанскиот тим. 

Горан Пандев нема да се пензионира ова лето, тој наскоро ќе се врати во Џенова и ќе стави потпис на договор и за новата сезона.
 
Тој стави крај на кариерата во македонската репрезентација, но нејасно беше дали ќе продолжи да игра на клупско ниво или ќе ги обеси копачките.
 
Во Џенова имаше притисок од сите страни тој да продолжи да игра, потребно им е неговото искуство, а според „Газета дело Спорт“ притисокот вродил со плод и Пандев ќе потпише ново едногодишен договор.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе