Нова тренерска рокада на „Луиџи Ферарис“

Пандев ќе добие нов тренер по шокантната елиминација на Џенова од третолигаш во Купот на Италија

Горан Пандев наскоро треба да го добие Чезаре Прандели за нов тренер откако Виртус Ентела вечерва приреди големо изненадување и ја елиминираше Џенова од Купот на Италија.

Иднината на Јуриќ во неколку наврати беше ставена под знак прашалник, но на Хрватот му нема спас откако вечерва Џенова доживеаја елиминација во Купот на Италија.

Третолигашот Виртус Ентела храбро се бореше на „Луиџи Ферарис“ и на пенали приреди сензација.

Гостите два пати водеа со головите на Икарди, но Џенова се враќаше благодарејќи на Пјатек, кој два пати погоди од белата точка. Во продолжението, Лападула од пенал донесе 3-2 за Џенова, но во 121. минута од мечот Адорјан погоди за 3-3 и донесе пенали.

Лападула беше трагичар во пенал рулетот откако во осмата серија промаши, односно голманот на Виртус Ентела му го одбрани ударот за големо славје на гостите.

Пандев, кој влезе на стартот од вториот дел, го изнуди пеналот со кој Џенова поведе со 3-2, но во пенал серијата не доби шанса и немоќно од средината на игралишетето гледаше како неговиот тим е шокиран.

По срамната елиминација, веднаш проструи информација дека Јуриќ добил отказ и на негово место се најавува Чезаре Прандели.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе