Капитенот со многу емоции се збогува од националниот дрес

Пандев: Јас заминувам, но во оваа репрезентација има многу лидери, убеден сум дека ќе ја однесат Македонија на СП

Горан Пандев е полн со емоции, денеска го одигра последниот натпревар за репрезентацијата, тој верува дека Македонија има светла иднина бидејќи во составот има играчи кои се вистински лидери и кои знаат како да ја носат напред. 

По 20 години и 122 натпревари во македонската репрезентација, Горан Пандев денеска за последен пат го носеше дресот на Македонија.
 
„Возбуден сум, благодарен сум на целата македонска јавност, 20 години носење на овој свет дрес за мене беше посебна чест, гордост, среќен сум што вака ја завршив репрезентативната кариера, со едно големо натпреварување. Тоа беше сон, не само на мене, туку на сите Македонци“, вели Пандев.
 
„Одигравме за мене едно добро ЕП, немавме искуство, знаевме дека играме на големо натпреварување, ни фалеше малку за да направиме резултат, но супер е за овие дечки, и за мене е едно големо искуство на кое вечно ќе се сеќавам“.
 
„Не знам дали има простор за враќање. Ова е моја конечна одлука. Така се чувствувам и ја кажувам вистината. Не можам да играм а да не го дадам максимумот, сакам секогаш да бидам сто проценти спремен, не можам да играм на два фронта на 38 години, тоа е нешто преголемо. Ќе навивам за овие момци. Има многу лидери во селекцијата. Убеден сум дека оваа генерација ќе избори пласман на Светско првенство, добро ги почнавме квалификациите и јас и целата македонска јавност ќе навиваме за нив“.
 
„Срцето ми е полно, за мене нема поголемо од тоа да играм за репрезентативниот дрес, за светиот дрес на едно вакво натпреварување. Клупскиот фудбал да го оставиме на страна, тоа е нешто сосема друго. Чувството е посебно кога ќе видиш толку Македонци да те бодрат, за првиот меч во Букурешт буквално цела Македонија застана за да го гледа натпреварот. Направивме нешто што вечно ќе остане во нашите сеќавања. Благодарен сум на сите, новинари, селектори, доктори, масери, на сите кои биле дел од оваа моја 20 годишна репрезентативна кариера. Да бидам искрен го дадов максиумот, и навистина мислам дека е крај. Не можам да дадам повеќе од ова за репрезентацијата“.
 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе